ВМРО-ДПМНЕ очекува на лидерската Ковачевски да излезе од заложништвото на ДУИ и да се дискутира за потезите откако уставните измени нема да се случат

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во понеделникот ги потврдија претходните информации дека во среда во 11 часот во Клубот на пратениците партискиот лидер Христијан Мицкоски ќе се сретна со премиерот и лидер на владејачката СДСМ, Димитар Ковачевски, но посочуваат дека очекуваат да се дискутира за следните потези откако во Собранието нема да бидат прифатени уставните измени диктирани од бугарската страна.

Како што информираа од Владата, на средбата ќе се разговара во прв ред за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на земјата, што претпоставува промени во Уставот, пред сѐ ставање на Бугарите според условот на Софија, како и за „пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи“.

По објавата, од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека нивниот претседател Мицкоски ќе изврши широки консултации со Пратеничката група, со партиите од Коалицијата и со Извршниот комитет.

Ставот на партијата е дека уставни измени нема да има, и овој состав на Собрание нема легетимитет за таков чекор.

Опозицијата, исто така, очекува премиерот Ковачевски да излезе од стегите и заложништвото на ДУИ и да прифати да разговара за периодот што по фактот дека уставните измени нема да го имаат потребното мнозинство.

Мицкоски претходно се изјасни дека за него е прифатлива средба тет-а-тет додека пак, тимови на двете партии можат да се сретнат претходно како подготовка на лидерскиот состанок. За него, клучно е од лидерската средба да произлезе суштински заклучок за државата и граѓаните, а не, како што вели, само да се прави пи-ар и спектакл за јавноста.

Од владеjачката СДСМ претходно порачаа дека најдобро е двајцата лидери на состанокот да дојдат со свои тимови. Од таму рекоа дека уставните измени се единствениот пат до преговори со Унијата и дека подобро решение нема.