Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ на тема насловена како „Развојни политики за стабилна економија“ се осврна на тоа дека Македонија беше прва по најниски даноци и така се привлекоа многу странски инвестиции и се задржаа младите.
“Така ќе биде и кога ВМРО-ДПМЕ ќе дојде повторно на власт. Ако просечната секаде беше 10 проценти во Македонија беше просечната 7,4 и тоа води кон привлекување на инвестиции, задржување на младите. Со ниски даноци се мотивираат граѓаните, компаниите и на никого не му е тешко да ги плаќа даноците. Даноците не треба да бидат терет туку поттик и мотив да се придонесе за државата“, рече Илиеска.
Таа посочи дека оваа власт ги зголеми даноците, придонесите, патарините, долгот.
„Зголемија се. Во државава стана неподносливо да се живее. Експерти се во ретерирање и на своите ставови за прогресивен данок бараа гласови. Но истото го укинаа за една година на власт. Нивното носење даночни политики од денес за утре, измени на сите закони за даноци носи кон неизвесност. Таа атмосфера на неизвесност ги брка граѓаните, лошо е за компаниите. Неизвесноста како политика, како функционирање од денес за утре е погубно за сите“, заклучи Илиеска.