Почна средбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ, специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак и специјалниот претставник ан Вашингтон Габриел Ескобар.
Тие ќе разговараат за актуелната ситуација на Косово.
На состанокот присуствуваат и шефот на делегацијата на ЕУ во Белград Емануел Жјофре и амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Белград Кристофер Хил.
Претходно Лајчак и Ескобар ја посетија Приштина каде синоќа за ситуацијата на Косово разговараа со косовскиот премиер Аљбин Курти.
Лајчак по разговорот со Курти изјави дека на Приштина ѝ се изнесени три барања – деескалација на ситуацијата на северот на Косово, брзо одржување нови избори и враќање на дијалогот.
Тој наведе дека со Курти не е постигнат договор за одржување на избори на северот на Косово.
Ескобар истакна денес дека Курти има два дена да одговори на барањата на ЕУ и САД.