Барселона го разбира Меси дека сака да игра во лига со помалку обврски

Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси одлучи кариерата да ја продолжи во американскиот клуб Интер од Мајами. Аргентинецот ја потврди својата одлука во ексклузивно интервју.

Тој преговараше со Ал-Хилал, клубот од Саудиска Арабија, имаше и опција да се врати во Барселона, но одлуката падна на американскиот клуб.

Барселона излезе со официјално соопштение во врска со трансферот на Меси.

„Во понеделник, на 5 јуни, Хорхе Меси, таткото и претставник на играчот, го информираше претседателот на клубот Жоан Лапорта за одлуката на фудбалерот да му се приклучи на Интер Мајами, и покрај тоа што му беше претставена понуда од Барса, со оглед на желбата на клубот и Лионел Меси пак да игра за клубот.

Претседателот Лапорта ја разбра и ја почитуваше одлуката на Меси да игра во лига со помалку барања, далеку од центарот на вниманието и притисокот на кој беше подложен во последните години. И Жоан Лапорта и Хорхе Меси, исто така, се согласија да работат заедно на почит од навивачите на Барса во чест на фудбалер кој беше, е и секогаш ќе биде сакан од Барса“.

„Иако слушнав гласини дека Ла Лига прифатила сѐ и дека се е во ред, дека можам да се вратам, недостигаше многу. За време на мојата кариера во Барселона бев обвинет за многу работи кои не беа вистинити и бев малку уморен од сѐ. Се плашев дека сѐ може да се повтори и дека ќе морам да заминам како пред две години. Затоа не се случи враќањето во Барселона.

Би сакал да се вратам, но сум во момент кога сакам малку да го сменам фокусот, да се посветам на моето семејство. Во последните две години не сум среќен, го имав тој месец на СП во Катар кој беше спектакуларен, го освоивме светскиот шампионат, но сѐ после тоа беше тешка фаза за мене.

Сакам повторно да уживам во моите деца, во семејството, во еден обичен ден… Сакам да имам малку мир“, напиша Меси.