Трагедија во Струмица: Млад маж загина во пожар

Во пожар во семејниот дом во Струмица, синот го загуби животот, а таткото со сериозни изгореници е пренесен во болница.

Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, ноќеска, околу два часот по полноќ експлозија разбудила брачна двојка во Струмица. Кога истрчале од собата, во кујната имало многу чад, а нивниот 29-годишен син Ѓ.П. лежел на мртов на подот. Првично, Ѓ.П. загинал од задушување со чад.

Таткото, во обид да го изгасне пожарот, се здобил со изгореници од прв и втор степен, па е задржан на лекување во Медицинскиот центар во Струмица.

Пожарот брзо се проширил и на другите простории во куќата на улицата „Широк дол“.

Од МВР велат дека повеќе инфорамции околу несреќата ќе има во текот на денот бидејќи увидот започнал утринава.