Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар во официјална посета на Македонија

Претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска престојува во официјална посета на земјава, во рамки на која ќе се сретне со нејзиниот домаќин, претседателот Стево Пендаровски, а ќе има средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и ќе се обрати на свечена седница во Парламентот.

Пирц Мусар ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Пирц Мусар и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Словенија.

Во рамки на посетата, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, во црквата „Св. Спас“ во Скопје двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.