ЕК предлага 50 милијарди евра заеми и неповратна помош за Украина до 2027-ма

Европската комисија предложи во вторникот сума од 50 милијарди евра за помош на Украина во форма на заеми и бесповратна помош за следните четири години.

Помошта за Украина беше предложена како дел од ревизијата на сегашната Повеќегодишна финансиска рамка (ПФР – VFO) за периодот 2021-2027 година.

Претседателката на Комисијатам Урсула фон дер Лајен, изјави дека досега директно од буџетот на ЕУ за Украина се доделени 30 милијарди евра.

„Се разбира, тоа никогаш не беше предвидено во нашиата Пвеќегодишна финансиска рамка. Затоа сега мораме да го ревидираме нашиот буџет. Предлагаме финансиска резерва за Украина за следните четири години од 50 милијарди евра, која вклучува заеми и грантови“, рече претседателката на Комисијата.

„Оваа финансиска резерва ќе ѝ даде перспектива на Украина и ќе ги поттикне другите донатори да се вклучат“, додаде фон дер Лајен.

Комисијата, исто така, предложи зголемување од 15 милијарди евра на долгорочниот буџет за управување со миграцијата. Комисијата предлага 15 милијарди евра за миграциската политика. Оваа сума би била наменета за поддршка на земјите-членки во управувањето со надворешните граници, за помош на трети земји и на мигрантите во овие земји.

„Предлагаме да обезбедиме финансиска поддршка на нашите земји-членки со цел да се зајакне управувањето со надворешните граници. Мораме поинтензивно да соработуваме и со нашите соседи за да им помогнеме во економскиот развој и стабилизација. Треба да ги зајакнеме нашите меѓународни партнерства и затоа ни требаат дополнителни средства за сириските бегалци во Сирија, во Либан, Јордан и Турција, за јужната миграциска рута, за Западен Балкан и за партнерите ширум светот“, рече фон дер Лајен.

Комисијата побара и дополнителни 10 милијарди евра за зајакнување на отпорноста и конкурентноста на европската економија.

За да стапи во сила предлогот на Европската комисија, тој мора да биде едногласно поддржан од земјите членки и да добие согласност од Европскиот парламент.