Западот вети милијарди долари за обнова на Украина

Соединетите држави ќе испратат уште 1,3 милијарди долари за помош на Украина за реконструкција на нејзината енергетска мрежа и модернизација на пристаништата, железницата и другата инфраструктура, изјави во средата во Лондон американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Велика Британија, Европската унија и САД ветија во средата повеќе милијарди долари помош за власта во Киев на втората Меѓународната конференција за обнова на Украина, а британскиот премиер Риши Сунак иницираше рамка за воено осигурување во обид да се поттикнат приватните компании на вложувања во земјата разорена од војната.

„Клучот на опоравувањето е поставувањето на темелите на Украина за таа да напредува како безбедна, независна држава целосно интегрирана со Европа и поврзана со пазарите ширум светот. Со поддршка на американскиот Конгрес ќе пружиме 1,3 милијарди долари дополнителна помош за да ѝ помогнеме на Украина кон таа цел“, изјави Блинкен на конференцијата.

Од оваа севкупна сума, 520 милиони долари ќе одат за енергетската мрежа, а 657 милиони за модернизација на граничните премини, пристаништата, железницата и другата клучна инфраструктура, додаде шефот на американската дипломатија.

Околу 100 милиони долари ќе бидат наменети за дигитализацијата на украинските царинси и други сродни системи, за да бидат „забрзани процесите и да се скастри корупцијата“, а уште 35 милиони ќе добијат украински компании, прецизираше Блинкен.

Оваа американска помош доаѓа откако Вашингтон веќе испратил речиси 20 милијарди економса и развојна помош на Украина.

Блинкен учествувашпе на конференцијата во Лондон со претставниците на земјите членки на ЕУ и на Велика Британија, на покана од британскиот премиер Риши Сунак.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски на собирот повторно беше директен и инсистираше дека на Киев му е потребна „јасна доследност на Западот“ на проектите коишто ќе ѝ помогнат не само во закрепнувањето, туку и во развојот во „моќна припадничка на западниот свет“.

Сунак на конференцијата зборуваше за клучната тешкотија на која наидуваат компаниите, коишто како што тврди британскиот премиер, сакале да инвестираат во Укриана, а тоа е осигурувањето против воена штета. Предложи рамка за воено осигурување кое би создало простор за намалување на ризикот за вложувањата, но не изнесе други поединости.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, рече дека ЕУ ќе даде 50 милијарди евра за Укриана во перидот од 2024 до 2027 година.

Украина бара 40 милијарди долари за финансирање на таканаречениот „Зелен Маршалов план“ за обновување на нејзината економија, што вклучува и развој на индустријата на челик но без употреба на јагленот. Инаку, средишата на двата индустриски комплекси се во регионите кои се под контрола на руската војска.

Вкупната цена на војната во Украина ќе биде огромна, Киев, Светска банка, Европската комсија и агенции на Обединетите нации во март по првата година од судирот проценија дека штетата ќе изнесува 411 милијарди американски долари.