Двете опции коишто ги понудив на лидерската средба беа на маса до овој момент, до оваа емисија сѐ уште не слушнав одговор од страна на премиерот Димитар Ковачевски која од двете опции ги прифаќа, дали првата со одложено дејство па да видиме, или втората предвремени парламентарни избори. Од денеска има само една опција на маса, а тоа е предвремени парламентарни избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Само интервју” на Канал 5.
Мицкоски истакна дека од денеска завршуваат двата предлози, бидејќи Ковачевски имаше четири недели можност да донесе одлука.
„Има само една опција, час поскоро да ја спасиме Македонија, а и Ковачевски да се ослободи, гледам тесно му е во чевлите кои ги носи, да одиме на предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.
Мицкоски во однос на преговори со ЕУ рече дека очигледно дека не само што не преговараме, туку сме многу далеку од преговори.
„Можам да гарантирам дека со идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема учебниците да стигнуваат за децата на крај од учебна година, туку пред да почне, можам да ветам дека нема пациенти да ни умираат по ходници затоа што не добиваат здравствена нега каква што заслужуваат, дека ќе имаме инфраструктурен бум и реализација на проекти какви што никога досега немало. Можам да ветам дека ќе имаме подобра економија од таа сега, дека ќе владее правото, дека ќе се бориме со криминал и корупција и дека ќе се борам да ги заштитам интересите на мојот народ и на Македонија. Кога се преговорите, ова се условите кои владата на ВМРО-ДПМНЕ и јас лично сум подготвен да ги прифатам“, рече Мицкоски.
Истакна дека ВМРО-ДПМНЕ истакна дека доколку од другата страна има договор кој не почитува, тогаш ќе го почитува нашето чувство.