Бројот на мигранти и бегалци во Грција заголемен за околу 50 отсто

Во периодот од јануари до мај годинава во Грција пристигнале за 49 отсто повеќе бегалци и мигранти во споредба со истиот период лани, согласно официјалните податоци од Министерството за миграција и азил.

За една година од мај 2022 година до мај годинава биле регистрирани 20.107 пристигнувања од кои повеќе од половина биле кај Еврос (6.168) и на Лезбос (5.585).

Во однос на вкупниот број на бегалци и мигранти кои престојуваат во Грција, во мај изнесувал 11.567, намален за 47 отсто во споредба со истиот период лани.

До Службата за азил во мај биле поднесени 716 барања за азил, од кои 19 се од деца бегалци без придружба, а во првите пет месеци од 2023 година, биле добиени 13.591 барања.