Во Турција летово се очекуваат горештини од над 50 степени Целзиусови, јави турската приватна телевизија НТВ. Таа цитира информации од директорот на Центарот за истражување на климатски политики на Универзитетот Босфор во Истанбул.
Според проф. Левент Курназ, 2023 година ќе биде најтоплата година што ја доживеало човештвото, а живата на термометрите во Турција ќе надмине 50 степени.
Досега доживеавме 49,1 степен, мислам дека ќе видиме над 50 степени“, вели експертот. Според него, температурата на воздухот се уште ќе биде во пораст.
„Згора на тоа, ќе биде надреден и зајакнувачкиот ефект на Ел Нињо. Затоа, можно е речиси секој ден да уриваме нови рекорди до средината на август. Во овој случај, 2023 година ќе биде најтоплата година што светот и луѓето што некогаш ги доживеале, доживеале“, вели проф. Курназ.
Според него, глобалното затоплување е неповратно.
„Можно е да се запре глобалното затоплување, но не е можно да се смени. Можеме да спречиме да се влоши, но не е можно да го подобриме, барем во блиска иднина“, рече тој. „Напуштањето на јагленот, нафтата и природниот гас е единственото решение. Се друго се детали“, смета специјалистот.
Тој предупреди и на можните здравствени последици од горештините, посочувајќи дека не треба да внимаваат само постарите, туку и помладите.