Запрени експедициите кон „Титаник“ по смртоносната имплозија на подморницата

Америската компанија „OceanGate“, којашто управуваше со туристичката мини-подморница „Titan“ која имплодираше во текот на нуркањето кон остатоците од легендарниот потонат пароброд „Титаник“ ги запре сите истражувања и комерцијални операции, објавено е во четвртокот.

Компанијата не ги наведе поединостие освен написот на својата интернет страница „ OceanGate ги запре сите истражувања и комерцијални операции“.

Во јуни следната 2024 година во „ OceanGate“ планирале две експедиции до остатоците од „Титаник“ во оддалечениот северен дел на Атлантскиот Океан.

Американските и канадските власти уште ја истражуваат причината за имплозијата во јуни, во која животите ги загубија сите петмнина патници во подморницата и го отвори прашањето за нерегуларниот карактер на таквите експедиции.

Американската крајбрежна стража минатата седмица откри човечки останки и парчиња од подморницата наречена „Titan“, по пребарувањето на океанското дно. Се очекува дека дополнителните анализи ќе ја расветлат причината за имплозијата.

Мини-подморницата „Titan“ го прекинала контактот со бродот што ја следел во текот на нуркањето на 18-ти јуни. Останките беа пронајдени четири дена подоцна, кога според процените биле потрошени целите резерви од кислород, распрскани по морското дно на околу 488 метри од останките на „Титаник“.