Листата со јадења од првата класа на „Титаник“ продадена за 66.000 фунти

Повеќе од 111 години по потонувањето на „Титаник“, сувенирите од овој луксузен брод кој потона на своето прво парување во саботата се продадени за десетици илјади фунти, а вистинска „ѕвезда“ на наддавањето беше листата со јадењеа за ресторанот во првата класа.

Менито предизвика особено одушевување кај заинтерсираните, наводно тоа е единстваната зачувана листа со јадење од 11-ти април 1912 година, на која се остриги, бифтек а ла Викторија, патка и јагнешко.

Менито покажува знаци на оштетувања од дејствија, но сепак анонимен понудувач во аукциската куќа Henry Aldridge & Son платил 66.000 фунти, односно 75.000 евра за артефактот.

Ќебе, исто така, од првата класа, за коешто се верува дека го носел преживеан во чамец за спасување и коешто беше проценето меѓу 70.000 и 100.000 фунти (80.000 до 114.000 евра), продадено е за 76.000 фунти (87.000 евра).

Суперлуксузниот за своето време пароброд „Титаник“ испловил на своето прво патување од Саутемптон во јужна Англија кон Њујорк на 10-ти април 1912 година со повеќе од 2.200 патници и членови на екипажот.

По само неколку дена, бродот кој се сметал за непотоплив, се судрил со санта мраз и потонал при што загинале повеќе од 1.500 луѓе.