Соединетите држави ќе ја снабдат Украина со контроверзната касетна муниција која инаку е забранета од над 120 држави во светот, потврди Белата куќа во петокот, со што Вашингтон го минува чувствителниот праг на видот вооружување со кое го снабдува Киев и се претпоставува дека тоа ќе предизвика жестока и политичка и воена реакција од Москва.
„Ова е тешка одлука. Ја одложувавме извесно време“, изјави за новинарите советникот на Белата куќа за национална безбедност Џејк Саливан, додавајќи дека тоа е „исправна работа“.
Саливан додаде дека претседателот Џо Бајден дал „писмени“ гаранции за начинот на кој ќе се користи оваа муниција за да се минимизира ризикот за цивилите.
Друг претставник на администрацијата призна дека употребата на ваквата муниција во Украина носи ризици за цивилното населени и оти поради тоа САД ја одложувале одлуката.
„Загрижен сум за хуманитарната ситуација, но полошо за цивилите во Украина е ако победи Риусија, па затоа е важно тие да не победат“, изјави американскиот заменик министер за одбрана зо политички прашања, Колин Кол.
Според тврдењата на Вашингтон, Украина наводно осигурила „писмени гаранции“ за користење на касетната муниција „многу внимателно“ минимизирајќи ги ризиците за цивилното население. Киев, исто така, ветил дека ќе направи протоколи и снимки од местата каде што ќе ја користи оваа муниција и во иднина ќе ги исчисти од неексплодираните остатоци.
Според Пентагон, само 2,5 отсто од мунициите испорачани во Украиан не експлодирале. Вашингтон смета дека забранетата во многу земји касетна муниција треба да ги задоволи потребите на украинската војска додека Западот не го зголеми производството на унитарни гранати.
Украина, инаку, и досега користеше касетна муниција , во нападите врз населените области на одментатите по граѓанската војска во 2014 година доминатно руски југоисточни региони Доњецк и Луганск.
Касетната муниција, која е забранета во повеќе од 120 земји во светот, испушта многу помали бомби ткн „ѕзвончиња“, честопати маскирани во невообичаени форми, кои можат неселективно да убиваат на големо подрачје, и главно претставуваат закана за цивилите и особено за децата уште долг период по нивната употреба. Касетната муниција е забранета со меѓународна конвенција којашто е ратификувана од 123 земји, невклучувајќи ги САД и Украина.
Командантите на американската армија веруваат дека касетната муниција би била корисна за Украина за нападите врз руските сили, изјави во јуни висок претставник на Пентагон, но таа досега не му беше одобрена на Киев поради ограничувањето на Конгресот и загриженоста на американските сојузници дека оваа забранета муниција може да ја предизвика Русија на ескалација војната.
Како што објави претходно седмицава весникот The New York Times, американската администрација неодамна ја сигнализирала промената на ставот во однос на испораките на касетната муниција „по неколку месеци сомневања“. За веројатноста дека САД уште оваа седмица ќе ѝ испорачаат касетна муниција на Украина, објави и телевизиската мрежа CBS News повикувајќи се на неименуван извор во Вашингтон.
Саливан уште рече дека Украина нема да му се приклучи на НАТО на самитот во Вилнус следната седмица, иако ќе се дискутира за украинското поенцијално членство по завршување на војната.
Киев има „уште многу етапи кои треба да ги измине пред да стане член“ на Северноатлантскиот воени сојуз, додаде советникот на Белата куќа.