Сончево со мала до умерена облачност и ветровито

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Во Скопје и околината ќе преовладува сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, кој од пладневните часови ќе засилува.

Минималната утринса температура се движи во интервалот од 10 до 21, а максималната соодветно ќе биде од 22 до 32 Целзиусови степени. Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8.