![duro](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/duro.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Македонскиот фудбалски шампион Струга ТЛ има одличен резултат 0:0 од гостувањето во Вилнус, во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите против Жалгирис.
Меч во кој на бранови играа и едните и другите, и двата тима со добри шанси, но без реализација, а се чини стружани на крајот може да жалат затоа што Валентин Кочовски во 86. минута од добра позиција не упати удар каков што посакуваше.
Избраниците на Шпетим Дуро целосно ја неутрализираа играта на противникот, кој имаше четиро добри шанси, но не го најде патот до голот, а Струга преку Шабани и Кочовски можеше да дојде и до подобар резултат. Но, и овие 0-0 се одлични пред реваншот во Охрид, во кој Струга ќе има шанси во Македонија да го донесе славниот Галатасарај.
Првиот дел имаше „нишалка“ кога станува збор за играта. Ако почетокот на мечот му припадна на струшкиот тим, потоа Жалгирис ја презеде иницијативата, за во финишот да имаме израмнета позиција и на двата тима. Струга ТЛ одлично почна, се обиде да го изненади противникот со иницијатива, но без посериозна шанса, освен неколку уфрлања пред голот на Гертмонас.