СДС и ДУИ со зголемување на ДДВ за пелетите од 5% на 18% и со солидарниот данок, удираат по народот

-СДС и ДУИ со зголемување на ДДВ за пелетите од 5% на 18% и со таканаречениот солидарен данок удираат по народот, за да има за тендерите на Груби и Ковачевски. Ова денеска преку соопштение го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС и ДУИ до собранието доставиле 3 закони со европско знаменце, од кои сите се удар за народот. Власта планира да го зголеми ДДВ за пелетите од 5% на 18% и со тоа да удри врз граѓаните кои се греат на пелети со 12% поскап енергенс. Ако до лани некој трошел 40.000 денари за пелети, сега ќе треба да плати 45.000 денари. Разликата во цени оди во буџетот за Груби и Ковачевски да имаат повеќе пари за матни зделки. По ист принцип е и таканаречениот солидарен данок, со што власта бара од компаниите да се солидарни, а во исто време троши немилосрдно од парите на граѓаните за тендери и договори во 4 очи, велат од партијата.

Од таму додаваат дека СДС и ДУИ по брза постапка сакаат да протнат закони со кои ќе го удрат народот и фирмите, ќе скратат од нивните средства за да има повеќе за власта.