Иницијативата за промена на Уставот пристигната во Собранието – од денес течат роковите за процесуирање

Иницијативата за промена на Уставот е пристигната во Собранието и дека од денес течат роковите за процесуирање на истата, се вели во соопштението од собраниската прес-служба за денешната остварена проштална средба на спикерот Талат Џафери со амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. Георг Вуцас.

-Претседателот Џафери потврди дека инициативата за промена на Уставот е пристигната во Собранието и дека од денес течат роковите за процесуирање на истата. Тој изрази уверување дека доколку има политичка волја, целиот процес ќе може да се заврши до месец ноември оваа година, се посочува во соопштението.

Владата вчера попладне го доставила Предлогот за уставни измени до Собранието веднаш по завршувањето на 171. седница на која премиерот и министрите го усвоија Предлогот.

-На 171-та седница на Владата, одржана на 18.7.2023 година, точка 48, разгледана е Информација со Предлог за уставни измени, утврден е Предлогот и доставен е до Собранието веднаш по завршувањето на седницата, информираат од Владата за МИА.