Осомничениот за корупција воениот комесар на Одеса ја напуштил Украина

Поранешниот воен комесар на украинската црноморска област Одеса, осомничен за злоупотреба на службената положба, успеал да замине во странство, пишуваат украинските медиуми.

Претходно во саботата украинскиот претседател Володомир Зеленски соопшто дека поранешниот воен комесар на Одеската област, Евгениј Борисов, кој е осомничен за злоупотреба на службената положба, би можел да се соочи со истрага за незаконско збогатување и нарушување на прописите за воената служба.

Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина извести дека Борисов ќе биде ставен на листата на барани лица. Набрзо потоа украинските медиуми, повикувајќи се на извори во правосудните органи, објави дека Борисов успеал да ја мине државната граница. Но притоа не се наведува во која земја минал осомничениот .

Во мај годинава украинското Државно биро за истрага отвори скучајот во врска со делото „злоупотреба на службената положба“ против Борисов. Според медиумите, осомничениот воен комесар од почетокот на руската инвазија успеал да се стекне со вила, деловен простор и неколку автомобили во вкупен изност од повеќе милиони долари. Тогаш претседателот Зеленски му порача на врховниот командант на украинските вооруќжени сили, генералот Валериј Заслужни веднаш да го разреши Борисов поради корупција.

Справувањето со курупцијата е едно од клучните прашања коишто западните сојузници на Киев ги поставуваат, како за продолжување на големата воена помош, така и за забрзаното интегрирање на Украина во колективните евроатлантски организации.

Корупциските скандали не беа реткост и пред руската инвазија на Украина. Последниов случај доаѓа во периодот кога Киев интензивно бара современи западни борбени авиони кои треба да ја поддржат неговата противвофанзива за истиснување на руските трупи.

Украина со децении е обвинувана за ендемска корупција, многу нејзини поранешни функционери, вклучително и премиерката Јулија Тимошенко, која исто како и Зеленски беше поддржана од Западот, беше осудена за манипулации и штетни договори. Актуелната власт, исто така, го гони и првиот претседател по превратот во 2014-та Петро Порошенко поради корупција и предавство. Па дури и во актуелната војна во САД и во Франција се појавија сомневања за манипулации со воената помош што ја даваат двете земји на Украина.

Во септември минатата година италијанските медиуми открија дека семејството Зеленски поседува исклучително луксузна вила во регионот Тоскана која ја издавале на руско семејство за 50.000 евра месечно, а која чини 4 милиони евра и која Зеленски ја купил во времето додека беше актер.

Името на Зеленски, исто така, беше споменувано и во ткн „Pandora Papers“ од октомври 2021 година кога Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство (ICIJ) објави извадоци од приближно 11,9 милиони документи со податоците за офшор сметки на голем број светски политичари.