Построги услови за Унгарците за влез во САД

Соединетите држави воведоа во вторникот ограничувањата на лицата со унгарски пасоши во рамките на американската Програма за изземање од визите, при што како причина е наведено тоа што Будимпешта не ги разрешила пропустите поврзани со давањето државјанства на Унгарците во соседните земји.

Американската амбасада во Будимпешта соопшти дека во периодот на важноста на визите понуден на Унгарците во рамките на Електронскиот состем за одобрување на патувањата (ESTA) веднаш ќе биде намалено од две на една година, како и дека ќе бидат дозволени само поединечни посети, а не повеќе посети во рамките на овој систем.

Унгарските власти од 2011 до 2020 година им доделиле државјанство на околу милиони етнички Унгарци во соседните земји „без соодветни безбедносни мерки за верификување на нивниот идентитет“, соопшти амбасадата на САД.

Доделувањето на државјанствата, според Rеuters, бил политички потег на премиерот Виктор Орбан кој му донел гласови на следните парламентарни избори тогаш.

Односите меѓу Вашингтон и Будимпешта се оптоварени со одложувањето на гласањето за ратификување на пристапувањето на Шведска во НАТО во унгарскиот парламент, како и политиката на актуелната влада кон ЛГБТИ лицата. САД сметаат дека Унгарија ги ограничува правата на ЛГБТИ лицата, без разлика на тоа што Будимпешта тврди дека законите само го ограничуваат промовирањето на таквата идеологија пред малолетниците и во јавноста.

Построгите услови за влегување во САД за лицата со унгарски пасоши се воведени ден откако владејачката партија Фидес ја бојкотираше седницата во парламентот на која по предлогот на опозицијата требаше да се гласа за влегувањето на Шведска во НАТО. Така, поради немање кворум, гласањето за шведската кандидатура не се одржа.

Шведска минатото лето со изговор од наводната руска опасност, заедно со соседна Финска, реши да ја прекине децениската само декларативната воена неутралност и покрај тесната воена соработка со западните земји, поднесе кандидатура за членство во НАТО.

Меѓутоа, Турција и Унгарија го ратификуваа барањето на Финска, но сѐ уште го проблематизираат кандидатурата на Шведска. Унгарските забелешки се на однесувањето на Стокхолм во Европската унија во односот кон Унгарија кога Шведска редовно се јавува како критичар за наводно кршење на владеењето на правото, слободата на медиумите и правата на ЛГБТИ зедницата во многу иницијативи на Брисел за казнување на суверенистичките политики на Будимпешта.

Висок фунционер на американската администрација рекол за Rеuters дека измените за влез на Унгарците во САД не се однесуваат ниту на една од другите 39 земји учеснички на Програмата за изземање од визите и дека се „единствено за Унгарија“.

„Постои системски проблем, а тоа се стотици илајди пасоши коишто се издадени во периодот меѓу 2011 и 2020 година без барање за верификување на идентитетот“, рекол соговорникот на агенцијата.

На прашање дали мерката е во врска со други прашања кои предизвикале тензии меѓу Вашингтон и Будимпешта, американскиот функционер рекол дека оваа мерка „не треба да се толкува како порака за другите прашања“.

Функционерот рекол дека безбедносната ранливост во Унгарија е идентификуван „многу пред“ руската инвазија во Украина.

САД во 2014 година, кога актуелниот претседател Џо Бајден беше потпретседател, на шестмина Унгарци им го забрани влезог во земјата како „предупредување“ на владата на Виктор Орбан „да се откаже од политиката којашто се закануваше со поткопување на демократските вредност“.