Еден навивач на грчкиот клуб АЕК е убиен во текот на тепачките меѓу навивачите на атинскиот клуб со навивачите на Динамо од Загреб, јави грчката државна телевизија ERT.
Станува збор за 22 годишно момче кое починало како последица од повеќе убоди со нож, а повредени се уште тројца Грци и петмина Хрвати, меѓу кои и едно малолетно дете.
Уапсени се 82 хрватски навивачи, еден Австралиец, еден Босанец, еден Албанец. Еден Германец и двајца Грци, јавува телевизијата. Уште петмина грчки и тројца хрватски навивачи се уапсени, но тие се наоѓаат во болница.
Група од 150-200 навивачи на Динамо Загреб организирано со автобуси и приватни возила допатува во Атина пред денешниот натпревар од третото коло на квалификациите во Лигата на шампионите меѓу АЕК и Динамо. Не е јасно како грчката полиција дозволила тие да се соберат пред стадионот затоа што УЕФА претходно имаше изречено забрана за да не патуваат хулиганите на Динамо, пишуваат грчките медиуми.
Во Атина се оштетени многу автомобили и дуќани, а хрватските навивачи палеле канти и суви гранки, и кршеле шофершајбни на автомобилите. Сѐ уште не се знае дали денес ќе биде одигран фудбалскиот натпревар по ноќешните инциденти и трагичниот настан во кој беше убиено младото момче.
07.08.2023, AEK Athens🇬🇷 vs BBB (Dinamo Zagreb🇭🇷), AEK run https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/GFU1DwWCj7
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 7, 2023
08.08.2023, Dinamo BBB🇭🇷 hooligans at Train station in Athens🇬🇷 before fight. https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/FFmomudlQt
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 7, 2023
08.08.2023, Street fight, AEK Athens🇬🇷 (from left) vs BBB (Dinamo Zagreb, right🇭🇷) https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/TINYrMUYDP
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 7, 2023