![Ѓорѓи Илиевски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/Gjorgji-Ilievski-1.jpg?resize=640%2C414&ssl=1)
Во текот на минатиот месец, 2023 година од моја страна беше доставен допис до Државниот просветен инспекторат (ДПИ) со цел да добијам информација за подготвеноста на ДПИ за редуцирање на корупцијата во високото образование, а поврзана со водењето на матичните книги на универзитетите, како и за веб страниците на универзитетите.
Во однос на првото прашање кое се однесува на системска корупција која со години не е сузбиена од страна на Државниот просветен инспекторат, во член 159 од Законот за високо образование (ЗВО) пропишано е како се водат матичните книги на запишани студенти, главна книга на дипломирани студенти (во материјална и електронска форма). Бидејќи секој ден сме сведоци на случаи во кои поединци на одредени универзитети за еден ден дипломираат и магистрираат, побарав од Државниот просветен инспекторат да ме известат дали за оваа 2023-2024 година, планираат да ги проверат овие книги со физичко присуство или само со телефонско јавување до универзитетите за бројка на запишани? Дали планираат да ги известат универзитетите писмено кои се должни во период после 01.10.2023 година да ги донесат овие книги да стават печат и потпис и на тој начин со записник да се знае колку точно се запишани со цел да се оневозможи дополнување на овие книги! Или ќе дозволите во 2024 година да ви се достават и тогаш незаконски после една година директорот на ДПИ да ги потпише и да овозможи запишување нови студенти во текот на цела година со антидатирање? Дали знаете каде се чуваат бланко празни книги кај вас во инспекторат, колку се на број и кој е задолжен за нив! Дали знаете дека постои информација дека за одредена сума може да се купи празна матична и главна книга од кај вас и истата од почеток да се пополни и да се внесе секоја купена диплома?
Во однос на уредно водење на веб страниците на универзитетите посебно на приватните (половина од нив немаат веб страници со години ажурирани!).
Еве конкретно приватни: „струшкиот универзитет на Мерко, ФОН, МИТ, Факултетот Бизнис-Економија, Славјанскиот универзитет Свети Николе-Битола, Универзитетот за туризам и менаџмент, Европскиот универзитет, Американ колеџ… Па јавни универзитети (факултети) и тоа: Универзитет „Мајка Тереза“, Тетовскиот универзитет (УТ), ЈИЕ-Тетово, УИНТ-Охрид, УКЛО-Битола, УГД-Штип, придружната членка Воена академија-Скопје…, Институти јавни и приватни и други.
Барам да добијам информација дали е подготвен план за надзор кој може да го извршат инспекторите од нивните компјутери во канцелариите и да ви достават информација каде состојбата не е во ред и да се известат универзитетите во определн рок да постапат согласно член 55 став 6 од ЗВО, во делот на „објавување на резултатите од самоевалуацијата на универзитетот кои се објавуваат на веб страницата на секоја единица на универзитетот одделно (факултет, висока стручна школа или научен институт), односно на веб страницата на самостојната висока стручна школа“.
Зошто просветните инспектори не го надзираат член 21 став 3 од ЗВО, каде што единиците на универзитетот имаат веб страница на која задолжително се објавуваат: Статутот на единицата (со сите измени и дополнувања) и другите акти со кои се уредуваат внатрешните односи, решението за акредитација за секоја студиска програма одделно и решение за почеток со работа за секоја студиска програма одделно, актот на систематизација,… распоред на работни задачи за тековната учебна година, најдоцна 10 дена пред почетокот на учебната година… Годишен извештај, прифатени теми за изработка на магистерски трудови, докторски… Етички кодекс… и друго.
Дали се свесни во Државниот просветен инспекторат и со непостапувањето на инспекторите, Вие не ги применувате прекршочните одредби и за веб страниците член 207 став 1 точка 4 од ЗВО! Со вашето непостапување Државниот просветен инспекторат врши штета на буџетот на државата?
До каде е истражувањето на мојата претставка за функционирање на Воената академија без Статут, односно за нејзина работа со Статут од 2011 година, што е врв на беззаконие. А, колку инспекциски надзори имаат направено просветните инспектори таму и како тоа не го забележале? Корупција директоре! Сопрете ја и застанете на патот на „најуспешните инспектори” кои се шетаат по кабинети во министерството и прават план како да му наштетат на инспекторатот.
Многу неточни податоци и измами има на одредени сајтови. Тоа е исто така извор на корупција. Ова е образовен криминал. Овој пат посебна подршка имам во изјавите на Амбасадата на САД.
Очекувам брз одговор и покрај мене и јавноста да ја известите за овие состојби. Демократската јавност мора да знае за овие состојби, а не преку лажни вести да се држат пресови со кои јавноста се манипулира. Доколку брзо делувате во оваа насока брзо ќе застанете на патот на оние кои држат состаноци во кабинетот на зам.министерот и договараат стратегија како да и наштетат на институцијата Државен просветен инспекторат. Не дозволувајте криминалци инспектори и нивни шефови да ви застанат на патот.
Во борба против образовниоткриминал!
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес