Цените на угостителските услуги останаа исти како и во ноември

Индексот на цените на угостителските услуги во декември минатата година, во споредба со месец ноември, остана на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Индексот на цените на угостителските услуги во декември минатата година, во однос на истиот месец од претходната
година, е намален за 0,1 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- декември  лани, во
однос на истиот период од претходната година, е зголемен за 1,1 отсто, додека во однос на декември 2012 година
е зголемен за 0,9 отсто.