Каја Шукова – Министер за смрт!?

Ќе сме влегувале во ЕУ, готово, милијарди од секаде, заштитен ни е и идентитетот…

Во стилот на Бата Стојковиќ, облечен во баде мантил Ви велам:

МА НЕМОООЈ? МОРЕ МРШ У ПИЧКУ МАТЕРИНУ.

Почитувани политичари лажговци јас по занимање сум медиумски работник, а по образование инженер по екстрактивна металургија (лице со високо техничко образование). И тоа е многу забавно зошто од две перспективи знам дека лажете.

Прво, Како го решавате проблемот со Блгарска песен от Македонија – Зајди, зајди јасно сонце? Зошто сите спортски канали Ви се на српски и хрватски? А, шуплиња лажговски.

Второ да лежиш на милијарди (проценка од 18 милијарди евра првично истражена руда на скапоцени обоени метали) и ти да викаш не го даваме земјоделието кое е патем во целосен колапс. Се сеќавате дека сме комплетно увозно зависни од млеко? Пиперките Ви се ко у маркет во Минхен. А да, градо ги утепа.

Почитувани драги читатели како што според лажњаци од експерти и министри има Рудници на Смрт, така има и Министри за смрт. Еве како.

Знаете колку експерти има во Македонија. Ауууууу. 7 милијарди. Се’ знаат. Они се бољи ракометари од Кире Лазаров (72 европски генерации нема да го стигнат), да не зборам за Шабан Трстена, Дарко Панчев, Аце Русевски, Перо Антиќ итн. Ова само за спорт зборам. Додуше што е експерт. Еве да објаснам.

Мене у маало ме викаат Зубо. Од кога сум роден ми фалат заби во вилица. Морам да признаам дека има и патриоти што ме викаат ЗАБО (говорете македонски) или пак Забле, Зуби, Зубац, Зубер итн. Е сега, според стандардиве експертски, ја кој ме викаат ЗУБО и кој имам другари Забари (Џолич и сестра му, Чакарјаневски), значи ја сум врвен Стоматолог-Забар. Ееееееее. А, бидејќи сите проблеми доаѓаат од забите, значи ја сум бољи кардиолог  за трансплантација на срце од Сашко Јовев. Ова се вика фактички, тактички и хипергалактички заклучок. И важи за сите проблеми во државава.

Зошто Каја Шукова е министер за смрт? Затоашто Пјаченца во Италија се вика нагалено Струмиченца и сите отидени се со бугарски пасоши. К’де ти е земјоделието сестро, сега? Њама деца! Ти ги бркаш заедно со Перо градоначалнико на Валндово. Сте биле политичари у подем. Па Вие сте ко следниов најглуп виц:

Иде дечко у продавница и вика, млеко имате? Дечко ова е аптека.

А Јогурт? Дечко ова е аптека.

Шо има врска ја Ве „заебав“, точакот го врзав за бандера.

Дотичнава министерка беше на гостување кај Васко Ефтов и збореа за „Вистината за рудниците на смртта“. Добро. Васко Ефтов човекот не е рударски образован ама знае да прашува. И почнува, во рудникот ЏГЉ ќе се користат следниве штетни материи, а министеркава за смрт потврдно вели: амммхххмммм.

Сулфурна киселина (H2SO2), а оригиналната формула е (H2SO4)

Хлороводородна киселина (HCI (ова е големо И на латиница) а оригиналната формула е HCL (инаку l) ова е мало л на латиница ) .

И не е рпоблем што Васко нема поима од хемија, проблемот е што министерот за смрт е цело работно време во допир со хемиски формули на киселини и има положено 4 (четири) хемии:

  • Неорганска или општа
  • Аналитичка
  • Органска
  • Физичка

Последната и ги кажува сите процеси што се употребуваат во рударството и тогаш она знае точно дека сите процеси се Металургиски и тоа екстрактивни.

Да продолжиме со нејзиното незнаење, а тоа доведува до лажење.

Иднината поткрепена со наука вели предвидува извлекување на злато без употреба на цијанид и жива, односно со употреба на тиосулфат. Еколошки далеку помалку штетна хемикалија која има јасни предности посебно во делот на намалување на ризиците кон животната средина посебно во делот на касетно одлагање на суви јаловишта (затоа цврсто стојам на ставот дека во струмичката котлина под ниеден услов несмее да имаа никакво езеро па макар и со длабочина од 5 метри, а не брана од 290 метри, е тука екологистите се во право).

Да ви дадам неколку интересни податоци за друг рудник каде токму Управата за животна средина водена од в.д Директор Тони Мартиновски, а поткрепено со потписи од Влатко Цветаноски, Александар Петковски и Биљана Петкоска на ден 17.07.2017 година за предмет под архивски број УПП-9/2017 година одгавара на следниов начин:

  1. Местоположбата на рудникот не е на место на пасишта за стока
  2. Нема да бидат извршени топографски измени на земјиштето освен физички за кои според елаборатот е предвидена целосна рекултивација на земјиштето посебно од физички и биолошки аспект
  3. Рудникот не создава т.н. флотациска јаловина збогатено со тешки метали кои се од огромен ризик за здравјето на луѓето и животната средина
  4. Нема да користи цијанид
  5. Има да се користи ниско концентриран раствор на сулфурна киселина до 0.5%, а во домашно производство на вино се користи 5% сулфурна киселина.
  6. Киселиот дел од растворот реагира со металот и формира сулфат „Бордова Чорба“ која се користи на големо во земјоделието. На пример за добивање на сочни плодови на Домат (текст во АГРОМЕДИА).

Ова не го знаете нели. Па зошто би го знаеле. Ова не се луѓе кои Ви даваат можност за иднина. Тие имаат друга идеја. Не идат да крадат. Туку да Ви се населат азијати со низок степен на култура и ниска стручна спрема, а Вашите деца со бугарски пасоши да ги испратат да бидат робови во новата бела Европа. Не им е гајле дали децата се Македонци, Турци, Албанци, Срби итн, само да се бели.

ОВА ВИ Е ВИСТИНАТА. БОЛИ ЗНАМ. И ТОА МНОГУ.

СДСМ во последниве 6 години ми ја одзеде мојата иднина на два начина:

  • Според занимање, 6 (шест) години не ми дава шанса на мене и уште други 49 кандидати да се произнесеме пред собранието со нашето знаење за конкурс за Агенција за медиуми.
  • Според образование, уништува нови рудници, ама од Бучим со украдена идеја вадат метали од јаловината. (ова накнадно)

Јас на моите деца немам право да им ја одземам нивната иднина. И затоа овие „неранимајковци“ има да ги испратиме во некоја „вукојебина“, па таму нека кажуваат дека „Приказната е поголема“.

Патем договорот со едниот рудник беше на годишно ниво да се инвестираат околу 300.000 евра на факултетите Металургија и Рударство. Овие факултети имаат по половина студент денес. Од „говнава“ на власт.

Некорумпиран Колумнист Виктор Грозданов.

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес