За едно евро продадено работењето на „Heineken“ во Русија

Холандскиот произведувач на пиво „Heineken“ го заокружи своето повлекување од пазарот во Русија со продажба на тамошните операции на руската „Арнест група“ за симболично едно евро, објави компанијата во петокот.

Вториот по големина светски произведувач на пиво соопшти дека за овој договор ги добил сите потребни дозволи и дека веројатно ќе останат исклучително високи загубите од 300 милиони евра. Соопштија и дека сегашната трансакција само незначитело ќе влијае врз целогодишните процени.

Од „Heineken“ ја објавија својата намера за повлекувањето од рускиот пазар по почетокот на инвазијата во Украина во март 2022 година поради западните санкции без преседан наметнати поради тоа на Русија. Сега, пак, компанијата призна дека целиот процес траел подолго од очекуваното.

„Неодамнешнито развој на настаните покажува значителни предизвици со кошто се соочуваат големите производствени компании при напуштањето на Русија“, наведе во писменото соопштение извршниот директор Долф фан ден Бринк.

Многу мултинационални компании поитаа да ја напуштат Русија по воведувањето на жестоките санкции на Западот, но Москва возврати со заплена на имотите на западните компании како одговор на заплените на руските сопствености во западните земји.

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша во јули декрет за преземање на контролата над руската филијала на францискиот произведувач на млечни продукти „Danone“, заедно со уделот на пивската компанија „Carlsberg“ во локална руска пиварница.

Од „Anheuser-Busch InBev“, исто така, објавија дека планираат да го напуштат заедничкото вложување коешто го имаа си турската пивска компанија „Efes“ во Русија.

„Heineken“ во Русија имаше седум пиварници со 1.800 вработени, кои добија гаранции за вработување во следните три години.

Холандската пиварница уште минатата година го повлече од Русија својот водечки бренд пивото „Heineken“ , а производството на „Amstel“ би тебало да биде укинато во рок од шест месеци.

„Heineken“ објави дека договорот, без можност за откуп на делувањето, вклучувал тригодишна лиценца за некои помали регионални брендови, на коишто „Heineken“ нема да им пружи поддршка, ниту ќе оствари никаков приход.

Групата „Арнест“ поседува голема компанија за пакување лименки и е најголемиот руски производител на аеросоли, а продава и козметика и домашни продукти.