
И кога ве гледам во олкав број како го славиме овој 33 роденден дополнително за мене како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, претставува мотив да истраеме, издржиме и заедно со вас за неколку месеци од денеска на парламентраните избори да ја запечатиме оваа историја и да победиме со мнозинство во македонскиот парламент. Многу е важно таа победа да биде голема, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Штип каде се одбележуваше 33 година од Општинскиот комитет на партијата во овој град.
Мицкоски укажа „СДСМ се претвори од државотворна партија во измеќари на ДУИ“.
„Тие се вистинскиот стопан денес во владата и на СДСМ, и на овие ситни души кои што ќе имаат за цел да излезат и да ви кажат вие што сакате да слушнете, а потоа кога ќе заминат од тие средби со граѓаните додека патуваат до другата точка во возилото да ги бројат парите кои ги добиваат од нивниот стопан, само и само да го поделат антивладиниот македонски гласач“, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека целта на партијата е на идните избори, покрај тоа што мора да ја декласира коалицијата СДСМ и ДУИ, е да им го покаже вистинското место на оние кои се претставуваат како алтернатива, кои што го изедначуваат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, да им се покаже вистинското место. Тој додаде „а тоа е на темната страна на историјата, со огромна победа која што ќе ја направиме заедно со вас и со народот на Македонија“.
Мицкоски порача дека колку е посилно ВМРО, толку е посилна Македонија.
„А колку е посилна Македонија толку и вашиот дом е повреден. Колку е послаба Македонија, колку повеќе Македонија е клекната на колена, толку и бизнисте на бизнисмените се посиромашни, толку и нашите домови се помалку вредни. Затоа ние потребна огромна победа. Победа со којашто ќе ја зголемиме вредноста на нашиот дом“, заклучи Мицкоски.