Instagram со овој потег уште повеќе се оддалечува од платформата која беше синоним за фотографии.
Инстаграм ќе го зголеми времетраењето на форматот Рилс од 3 на 10 минути.
Овој потег треба да му овозможи на Инстаграм да се натпреварува со Тикток и Јутјуб, бидејќи овие формати се покажаа како најпопуларни на тие платформи.
Порталот Engadget доби потврда од Мета, која е сопственик на Инстаграм, дека опцијата моментално е во фаза на тестирање.