ВИДЕО I Пукање во Грција, најмалку шестмина мртви

Најмалку шест лица загинаа во престрелка во градот Луца во Грција, пишува „Катимерини“.

Престрелката се случила во попладневните часови.

Отворен е оган на возило со германски регистарски таблички. Во возилото имало пет лица, а едно било надвор, пишува грчкиот весник.

На местото на настанот излегле полициски екипи и брза помош.

Според неофицијални информации, станува збор за пресметка меѓу членови на две банди.