Елмер Алварез, бездомник од Њу Хејвен, пронашол пари односно чек од 10.000 долари на улица, по што веднаш одлучил тие пари да ги врати на сопственикот.
Имено, пронајдениот чек ѝ припаѓал на Роберта Хоски, американска милионерка од Њу Хејвен. Таа не верувала во тоа дека некој ќе ѝ ги врати изгубените пари, па одлучила да му се заблагодари на Алварез на посебен начин.
Роберта во живо го пренесувала моментот кога му ги врачила подароците на бездомникот, а таа на почетокот објаснила дека тој нема поим што ќе се случи.
„Не знаеше кој стои зад тој чек. Не си свесен какво срце имаш“, му кажала Роберта на Елмер, а потоа му врачила сертификат.
Милионерката му кажала дека му подарува целосна стипендија за училиштето за недвижности „Outreach“ на кое таа е претседател. Исто така, Роберта му обезбедила на Алварез и часови по англиски јазик како и секое советување за кариерата кое го сака. Таа му организирала и интервју за работа додека не ги заврши своите предавања за недвижности.
Видно запрепастениот Алварез рекол дека добрината на Хоски го инспирирала да се фокусира на создавање подобра иднина за себе и својата девојка.
„Само размислував како се чувствува таа личност која го изгубила чекот“, рекол тој. Доброто со добро се враќа!