Со 40 милиони евра наместо лиценци, ќе купеа Трикафта за сите пациенти, вели Стоилковски

Владата и СДС не одговараат зошто се исплаќаат 40 милиони евра за лиценци на фирма избор на Рашковски? Не одговараат ниту зошто по три години продолжуваат да плаќаат на фирмата избрана од Рашковски иако истата услуга пред три години била 15 а сега 25 милиони евра? Молкот почитувани, не е само обид за гасење на темата, туку и криење на можен криминал и секако непочитување на јавноста, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Вчера споредив дека со парите за изборот на Рашковски ќе се направеше цела нова клиничка болница, денеска ќе направам друга споредба. Ако почитувани со 2.2 милиони евра владата набави Трикафта за 8, а потоа уште 4 пациенти за цела година – со цена договорена во директна спогодба со производителот, тогаш за сите 60 пациенти што чекаат Трикафта во Македонија би биле потребни 11 милиони евра годишно. Или, со овие 40 милиони кои што Владата сега ги дава на фирма, избор на Драги Рашковски, би се излекувале сите болни од цистична фиброза во Македонија на кои што им е потребна Трикафта во следните речиси 4 години, рече тој.

Стоилковски посочи: „Нема да се навраќам како и дојде до набавка на лекот во Македонија, дека почина човек и јавноста се крена на нозе. Со СДС нема ништо друго освен порази, скандали, криминали и сиромаштија. Само избори се спасот“ – вели Стоилковски.