ФОТО| Раст на официјалната бројка загинати во Либија, се појавуваат тела на брегот

Безживотни тела се појавија во средата на бреговите на источна Либија, со што се зголемува официјалната бројка на загинатите лица во бурата којашто оддрува цели населби во морето и предизвика илјадници жртви, а повеќе илјади и натаму се водат како исчезнати.

Пороите, предизвикани од моќната бура во неделата поради којашто пукнаа браните и уништија околу четвртина од медитеранскиот град Дерна. Водата однесе цели повеќекатници сосе семејствата коишто во нив спиеле во тие часови.

„Морето постојано исфрлува десетици тела. Досега изброивме повеќе од 5.300 загинати, но таа бројка веројатно значително ќе се зголеми, а можеби и ќе се удвои, бидејќи бројката исчезнати луше, исто така, е повеќе илјади“, изајвил телефонски за Reuters Хишем Абу Шкиуат, министер за цивилно воздухопловство во владата којашто управува со поделената Либија чие седиште е во источниот град Тобрук.

Десетици илјади луѓе станаа бездомници, додал Абу Шкиуат, апелирајќи на меѓународна помош и додавајќи дека Либија нема искуство во соочувањето со последици од вакви природни стихии.

Функционерите тврдат дека најмалку 10.000 луѓе загинале или се исчезнати, но официјалните борјки се разликуваат. Тарик Караз, портпаролот на властите во Тобрук, изјави дека се пронајдени 3.200 тела, од кои треба да бидат инфентификуваат уште 1.100 тела.

Агенцијата на Обединетите народи за миграциите – Меѓународната организација за миграции, објави дека најмалку 30.000 луѓе се раселени во градот Дерна. Разорувањата јасно се гледаат од повисоките места над Дерна, каде што густо населениот центар на градот, изграден покрај речното корито, сега е претворена во широка и рамна полумесечина од кал откако зградите ги однела водата.

Мноштво тела се замотани во кебиња на подовите низ болничките ходници или на тротоарите, со цел граѓаните да можат да ги идентификуваат.

Мустафа Салем изјавил дека целото семејство живеело близу речната долина наспроти џамијата. Спиеле кога градот го погодила поплавата и никој не е пронајден жив.

„Досега изгубивме 30 луѓе, 30 челнови на истото семејство. Никого на пронајдовме“, рекол Салем за Reuters.

Репортерите на агенцијата кои патувале во средата кон Дерна забележале конвој хуманитарна помош и камиони кои превезувале булдожери за расчистување на урнатините и калта.

Сателитски снимки од градот Дерна направени пред и по катастрофата покажуваат дека некогаш тесниот канал во центарот на градот сеа станал широк, а исчезнале сите згради подигнати покрај речното корито. Големата штета и исчезнувањето на згради се видливи и во другите делови од градот.

Операцијата за спасување се отежнати поради длабоките политички поделби во земјата со седим милиони жители која нема силна централна влада од бунтот во 2011 година зад кој стоеја НАТО и западните земји во кој беше соборен деценискиот автократ Моамер ел-Гадафи и разорена една од најбогатите земји во Африка и во арапскиот свет позната дотогаш по социјалните благосостојби на населението.

Меѓународно признатата Влада на националното единство (GNU), поддржана од исламистичките групации и партии, владее на западот на земјата во поранешната престолнина Триполи, а паралелна администрација делува на истокот во Тобрук, каде е и Дерна, којашто е поддржана од Либиската народна армија (LNA) водена од фелдмаршалот Калифа Хафтар.

Абдулхамид ал-Дбеибах, премиерот во Триполи, ги нарече поплавите катастрофа без преседан. Шефот на либискиот претседателски совет Мохамед ал Менфи повика на национално единство.

Хуманитарната агенција на ОН соопшти дека спасувачките тимови биле распоредени за да помогнат на теренот. Владите на другите земји, вклучувајќи ги Катар и Турција, итно испратија помош за Либија. Обединетите Арапски Емирати испратија два авиони со 150 тони храна, помош и медицински материјали на истокот од земјата, објави државната новинска агенција на ОАЕ.