Шилегов: СДСМ седум години носеше сериозни процеси на својот грб

Мислам дека се преефтини политичките приказни кои ги води ВМРО-ДПМНЕ не само за  Уставните измени во Собранието туку целата нивна политика. СДСМ седум години носеше сериозни процеси на својот грб, рече Петре Шилегов во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.

Тој оценува дека ВМРО-ДПМНЕ е партија без стратешка визија за државата туку политика која го замајува народот од вистинската насока каде треба да се движи државата.

„Свесни сме дека Македонија нема поинаква иднина освен членство во ЕУ, тоа го знае и ВМРО-ДПМНЕ. Ако се води партија мора да се има стратешка цел за да се утврди што е добро за државата во која што функционирате независно дали сте опозиција или власт. Ако се договориме околу стратешките прашања што јас мислам дека е коректно да се договориме тогаш треба секој да го прифати политичкиот ризик. СДСМ седум години носеше сериозни процеси на својот грб, каде во тие години со одлуки беше ВМРО-ДПМНЕ. Која е стратешката одлука која освен декларативно фактички била поддржана со нивните политики . Тука е тоа што мене ми смета затоа што навистина мислам ако ги поставуваме работите онакви какви што се тогаш многу лесно ќе се договориме за стратешките интереси“, рече Шилегов.

Шилегов оценува дека ВМРО-ДМНЕ „блефира“ кога вели дека може да се промени преговарачката рамка за влез во ЕУ и со ова си игра со емоциите на граѓаните кои се оправдани.

„Никоја нема право ниту опозиција ниту власт ниту коалиции да го стопираат развојот на државата. Тоа прво го нема никој, затоа треба да сме сериозни околу некои прашања и да бидеме реални и во проценките што е тоа кое не очекува во иднината“, заклучи Шилегов.