Ерменскиот премиер Никол Пашинјан смета дека во наредните денови нема да остане ерменско население во Нагорно Карабах.
„Анализите покажуваат дека во наредните денови нема да останат повеќе Ерменци во Нагорно-Карабах. Ова е директен чин на етничко чистење и депортација, за што долго време ја предупредуваме меѓународната заедница“, рече тој на владина седница.
Според вицепремиерот на Ерменија, Тигран Хачатријан, до 9:00 часот по московско време, повеќе од 66.000 луѓе пристигнале во Ерменија од Нагорно-Карабах, што е повеќе од половина од населението во регионот од 120.000. За околу 11.000 веќе се обезбедени станови. На дел од бегалците не им е потребна владина помош.