На 02.10.2023 од страна на Одделението за недозволена трговија Велес лишени се од слобода пет лица, М.Ж.(31), К.Д.(21), Ј.М.(20) и В.М.(39) и еден малолетник, сите од Велес.
По преземени мерки и активности, при извршени прегледи кај малолетникот и кај М.Ж., кои претходно, независно еден од друг, биле во домот на Ј.М., пронајдени се и одземени три пакувања со марихуана и пари во разни апоени, по што биле приведени, а нешто подоцна и К.Д., кој претходно бил во домот на Ј.М., бил запрен од полициски службеници, при што се обидел да избега, фрлајќи пакување со марихуана. Но, и тој набрзо бил фатен и приведен, а дрогата била пронајдена и одземена.
Околу 21.00 часот по наредба на Основен Суд Велес извршен е претрес кај Ј.М., при што биле пронајдени марихуана, семки од растението канабис сатива, ќесички за пакување на дрогата и пари во поголем износ. Ј.М. бил приведен, а при претресот, В.М. ги попречувала полициските службеници да вршат службени дејства, по што и таа била лишена од слобода. Во координација со јавен обвинител, против сите пет лица ќе биде поднесена соодветна пријава.