![svetskoto prvenstvo vo 2030](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/svetskoto-prvenstvo-vo-2030.jpg?resize=696%2C446&ssl=1)
По консултации со сите конфедерации и одбележување на 100-годишнината од Мундијалот во фудбал, Собранието на ФИФА донесе важни одлуки поврзани со првенството кое се игра за седум години.
Во 2030 година ќе се играат натпревари на три континенти и шест земји. Собранието на ФИФА се сложи дека Мароко, Португалија и Шпанија ќе бидат домаќини на натпреварувањето. Дополнително, членовите на Собранието се сложија по повод 100-години од Мундијалот да се играат три меча од првенството во Уругвај, Аргентина и Парагвај.
„Во поделен свет, ФИФА и фудбалот се обединуваат. Собранието на ФИФА, кое го претставува цел свет, едногласно се сложи за 100-годишнината да прославиме на најсоодветен начин. Како резултат на тоа, првенството ќе се одиграат дуели во Уругвај, Аргентина и Парагвај“, кажа првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.