Вчера (06.10.2023) полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Б.(51) од Куманово.
При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен по судска наредба, биле пронајдени марихуана, хероин, амфетамин, кокаин и поголема сума на пари во различни валути.
Дополнително, при претрес во неговиот деловен објект во Куманово бил пронајден хероин. Б.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава до надлежното обвинителство.