Новата црногорска влада на мандатарот Милојко Спајиќ во својот состав не би ја вклучла просрпската и проруската коалиција За иднината на Црна Гора, но би ја добила нејзината малцинска поддршка а нејзините претставници би преземале должности во некои други институции на власта, како што е парламентот, пренесуваат во средата црногорските медиуми.
Така, самата влада би можело да ја сочинуваат Движењето Европа сега на Спајиќ, Демократска Црна Гора, партијата од левиот центар на поранешниот претседател на парламентот Алекса Бечиќ и партиите на малцинските Албанци.
Според договорот, кој според неофицијалните сознанија на црногорските медиуми го прифатила просрпската десница која ја води Андрија Мандиќ, таа не би влегла во владата но би го добила местото претседател на парламентот, како и дел од водечките функции во јавните претпријатија.
Токму Мандиќ, според наводите на медиумите, е најсериозниот кандидат за нов претседател на парламентот, но наводно неговата коалиција би се обврзала да не ги доведува во прашање надворешнополитичкиот курс на Црна Гора и дека нема да ги потенцира темите кои ја делат јавноста, како што е повлекувањето на признавањето на Косово, членството на земјата во НАТО и прашањата на геноцидот во Сребреница.
Порталот на јавниот радио-телевизиски сервис РТЦГ неофицијално дознава дека на Демократска Црна Гора би требало да ѝ припаднат шест министерства во новата влада, вклучително и безбедносен сектор, додека шефот на оваа партија Алекса Бечиќ за возврат треба да се откаже од порано договореното место на претседател на парламентот.
Медиумите во Подгорица неофицијално пренесуваат и дека Бошњачката партија, коај претходно договори влегување во владата на Спајиќ, не прифаќа ваков „аранжман“, како и дека е можно да остане во опозиција, додека партиите кои го застапуваат албанското малцинство би можеле да влезат во новата влада која ќе ја поддржи просрпската десница.
Се наведува и дека Спајиќ сѐ уште не разговарал со шефот на Хрватската граѓанска иницијатива, Адријан Вуксановиќ, за евентуална поддршка, но и дека Вуксановиќ претходно ја одбил секоја можност за соработка со просрпската десница.
Спајиќ, како што сега стојат нештата во процените на црногорските медиуми, би можело да ја формира владата и без поддршка од малцинските партии, бидејќи доколку биде реализиран сегашниот договор со просрпската десница и со Демократска Црна Гора, неговиот кабинет би имал вкупна поддршка од 46 пратеници од вкупно 81 колку што ги има во црногорскиот парламент.
Во прашање и натаму е меѓународната поддршка
Меѓутоа, се поставува прашањето дали меѓународните партнери на Црна Гора, во прв ред САД, би го прифатиле аранжманот кој подразбира учество на коалицијата предводена од Мандиќ во власта.
Амбасадата на САД во повеќе наврати порачуваше дека не им сојузник просрпската десница обединетата околку во коалицијата За иднината на Црна Гора, како и дека се „радуваат на соработката со влада чиишто членови го поддржуваат пристапувањето на Црна Гора во Европската унија, единствената поддршка на НАТО на Украина, граѓанскиот карактер на државата“.
Спајиќ пре два месеца го доби мандатот од претседателот Јаков Милатовиќ за формирање на новата црногорска влада. Во еден момент објави дека ја има мнозинската поддршка за неговиот кабинет во кој не би имало членови на коалицијата на Мандиќ. Меѓутоа, по оваа објава Спајиќ ја загуби поддршката од дел од пратениците од листата на неговото Движење Европа сега, па беше доведена во прашање евентуалната поддршка во парламентот.
Гласови за поддршка се обиде да најде во редовите на пратениците обединети околу Демократската партија на социјалистите (ДПС) на поранешниот децениски црногорски челник Мило Ѓукановиќ, но овој негов предлог го отфрли челникот на Демократите, Алеска Бечиќ, кој според првичниот договор би требало да биде претседател на парламентот.
Спајиќ тогаш се сврти кој коалицијата За иднината на Црна Гора, која е опишувана како просрпска и проруска, и за кусо време наводно ја договорил нивната малцинска поддршка за својата влада.
Милојко Спајиќ мандатот за формирање на владата го доби на 10-ти август, а рокот да го комплетира својот кабинет истекува на 8-ми ноември.
Неговата популистичка партија Движење Европа сега победи на парламентарните избори на 11-ти јуни. Оваа партија од десниот центар, којашто произлезе од првата влада којашто беше формирана во 2020 година, кога првпат по 30 години на изборите ја порази ДПС на Мило Ѓукановиќ.
Големо влијание на формирањето на владата на тогашниот премиер Здравко Кривокапиќ имаше Српската православна црква во Црна Гора, а Милојко Спајиќ во неа беше министер за финансии.
Својот политички подем Спајиќ и неговиот најблизок соработник Јаков Милатовиќ, кој подоцна беше избран за претседател на Црна Гора победувајќи го на претседателските избори дотогашниот претседател Мило Ѓукановиќ, го доживеа кога во февраури 2021 година ја зголемија минималната плата од 226 на 450 евра. Во текот на предизборната кампања за парламентарните избори сега беше дека просечната плата, којашѓто сега изнесува околу 800 евра, ќе ја подигнат на 1.000 евра.