Хуманитарна Организација „Свети Спас”: Собрани над два тони храна за финансиски немоќните

Заврши уште една акција за собирање на храна и хигиенски средства која, Хуманитарната Организација “Свети Спас” ја организираше по повод Светскиот ден за борба против гладот. Со задоволство сакаме да ве известиме дека благодарение на сите хумани луѓе, на сите што подадоа рака и се приклучија на нашиот повик, успеавме да собереме 2.092 кг. храна и хигиенски средства како и речиси 50.000 денари, средства кои ќе ги употребиме за набавка на она што недостига, но и за нормално функционирање на нашата хуманитарна организација. Со оглед на моменталната економска состојба, оваа акција која беше насловена “Заедно против гладот”, можеме да ја прогласиме за целосно успешна!

Огромна благодарност и до нашите волонтери без кои оваа акција не беше можна, до градоначалниците на општините Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба кои доставија хуманитарни пакети до нашите пунктови, до сите благородни луѓе кои согласно своите можности донираа и обезбедија храна на трпезите на финасиски понемоќните.

Хуманитарната Организација “Свети Спас” преку секојдневни акции продолжува со својата значајна мисија за намалување на сиромаштијата и искоренување на гладот во нашето општество.

Бог да ве благослови!

Со почит,

Хуманитарна Организација „Свети Спас”