Шпанската министерка за социјални права и шефица на Подемос, Јоне Белара, изјави дека „Нетанјаху е целосно надвор од контрола“.
Коментирајќи го конфликтот меѓу Израел и Хамас, а откако израелскиот премиер ги прогласи ОН за непожелни на нивна територија, шпанската министерка кажа дека сега е важно меѓународната заедница да престане да му угодува и да му се спротивстави.
„Повторувам: економски санкции и ембарго за оружје“, напиша таа на Х.
Министерката потоа објави и видео во кое сугерира „четири работи што европските земји би можеле да ги направат денес за да го запрат геноцидот во Палестина.
-Денес дознавме дека Нетанјаху ги прогласи Обединетите нации за непожелни во Израел. Тоа значи дека персоналот на ОН нема да има визи за патување во таа област. Тоа е резултат на фактот дека ниту Нетанјаху, ниту државата Израел, не одговараа за нивната нелегална окупација на палестинската територија во последните децении. Постојат четири работи што европските земји можат веднаш да ги направат. Прво, да ги прекинат дипломатските односи со Држава Израел. Второ, спроведете силни економски санкции како што беше направено со Путин. Трето, воведете ембарго за оружје. Четврто, како што беше направено и во случајот со војната во Украина, изведете го Нетанјаху и сите политички лидери одговорни за бомбардирањето на цивилното население пред Меѓународниот кривичен суд. Ајде да направиме нешто, сè уште е можно е да се запре геноцидот, заклучи таа во видео пораката.
4 things that European states could do today to stop the genocide in Palestine. Let's act. pic.twitter.com/OucPuYHbZR
— Ione Belarra (@ionebelarra) October 25, 2023