Од акцијата „Синџир“, притвор за 13 лица, а едно оди во куќен притвор

Тринаесет лица добија затворски притвор, едно лице оди во куќен притвор, а за 12 од осомничените во акцијата „Синџир“, судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и за нив е определена мерка на претпазливост, соопштија од Кривичниот суд во Скопје.

Во акцијата „Синџир“ на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Управата за финансиска полиција се опфатени 26 сопственици и управители на 28 правни лица за кои постои сомневање дека сториле кривични дела злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари и други дела од од Кривичниот законик.
Осомничените во „Синџир“ го оштетиле Буџетот за скоро 8 милиони евра.

Со своите дејства тие го оштетиле буџетот за речиси 8 милиони евра. При извршените претреси била обезбедена дополнителна документација која ќе биде предмет на обработка, додавајќи дека се приведени 20 осомничени лица од Неготино, Кавадарци, Битола, Охрид и Скопје, додека 6 лица се недостапни на органите на прогонот.

Организаторите на злосторничкото здружение, со намера да ја одбегнат законската обврска за целосно или делумно плаќање данок, основале правни субјекти во нивна сопственост и преземале сопственост и управување на претходно основани правни субјекти, соопштија од Јавното обвинителство.