МАН: Целосна поддршка за Канал 5 ТВ, осуда за неоснованите обвинувања од советникот на Владата, Исмет Рамадани

Македонската асоцијација на новинари (МАН) целосно застанува во одбрана и поддршка на Канал 5 ТВ, реакцијата на директорот Иван Мирчевски и новинарот водител Александар Видиновски како и колегата гостин во емсијата Горан Момироски, по вечерашната дебата во емисијата “Само вистина“ каде политичарот и советник во владата Исмет Рамадани неосновано ги обвини за предизвикување национална нетрпеливост.

-Со етикетирањето на национална основа, Исмет Рамадани ја загрозува безбедноста на новинарите учесници во дебата, како на Канал 5 ТВ.

-МАН ги осудува сите политичари, советници и владини функционери, како и аналитичари кои со години полесно или потешко, и без одговорност јавно навредуваат цели медиуми, новинари, ги етикетираат, па дури и ги обвинуваат за сторени кривични дела како говор на омраза или национална нетрпеливост.

Канал 5 секогаш покажува висок степен на професионализам и конструктивно етичко дебатирање во своите емисии.

Го повикуваме Исмет Рамадани веднаш да се извини до редакцијата на Канал 5 ТВ. Доколку не се извини, МАН заедно со Канал 5 Тв ќе ги преземе сите правни мерки за заштита на новинарите и медиумот, се вели во соопштението на МАН.