ФОТО I Нант слави 70 години – го стави Кире Лзаров на ѕидот на легендите !

Лазаров со уште шест други ракометари се веќе ставени на таканаречениот „Ѕид на шампионите“ во домот на Нант. Лазаров со Нант играше и во финалето на Лигата на шампионите, во сезоната 2017/18 кога беа поразени од Монпелје.

Францускиот ракометен гигант Нант вечерва пред својата публика ќе го пречека тимот на Шартр, а во пресрет на овој натпревар домашниот клуб ќе организира специјална церемонија во чест на 70. роденден на клубот.

Нант веќе подолго време важи за еден од најдобрите клубови во својата земја, а во последните години бележи и забележителни успеси на меѓународна сцена. Дресот на овој клуб во минатото го носеле многу ракометни ѕвезди, а меѓу нив секако е и нашиот Кирил Лазаров.

Македонскиот селектор цели пет сезони ги бранеше боите на Нант, остави длабока трага во клубот и таму ја заврши блескавата кариера. Раководството на Нант не го заборави продинесот на македонскиот ас и по тој повод го смести меѓу најголемите легенди на клубот.