Бастијанини славеше во Малезија

Италијанскиот мотоциклист Енеа Бастијанини од тимот на Дукати Леново, победи на трката за Големата награда на Малезија во Сепанг во трката од светскиот шампионат во водечката класа Мото ГП.

Останатите две места на подиумот, исто така, ги зазедоа возачите на Дукати, втор беше Шпанецот Алекс Маркез со 1,535 секунди заостанување, а трет Италијанецот Франческо Бањаја (+3,562).

Дваесет ипетгодишниот Бастијанини во оваа класа ја постигна петтата победа во кариерата и по деветти пат застана на подиумот.

Бранителот на титулата Бањаја и натаму води во генералниот пласман на Светското првенство, со 14 поени помалку од второпласираниот Шпанец Хорхе Мартин (Дукати-Прамак), кој овој пат беше четврти (+10.526). Остануваат уште две трки до крајот на сезоната.

Бањаја и Мартин тесната битка за титулата ќе ја продолжат следниот викенд во Катар, а сезоната ќе заврши на крајот на ноември во Валенсија.

Пред трката во мото ГП, Педро Акоста веќе стана шампион во класата Мото2. Шпанецот ја заврши трката на второто место зад сонародникот Фермин Алдегер, што беше доволно за потврда на титулата. Акоста со него ќе дебитира во Мото ГП следната година.