ВМРО-ДПМНЕ со убедлива победа на следните избори, Христијан Мицкоски со двојно повисок рејтинг од Ковачевски

Доколку следната недела се одржат избори, убедлива победа ќе однесе партијата предводена од политичарот со најголем рејтинг, Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, покажува телефонската анекта спроведена меѓу 5 и 9 ноември 2023 година за потребите на Институтот за истражување на политики и добро владеење – Скопје.

Во истражувањето во кое граѓаните ги изразуваат ставови за својата поддршка за политичките партии и политичари, поддршка на опозициската партија ѝ даваат 19,5% од испитаниците, додека 12,6% сметаат дека СДСМ и понатаму треба да ја води државата.

Институтот за истражување на политики и добро владеење

 

Истражувањето реализирано на репрезентативен примерок од 1050 испитаници покажува и дека највисок рејтинг меѓу политичарите има Христијан Мицкоски. Во политиките што ги спроведува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ излез од ситуацијата во која се наоѓаме гледаат 16,9% од испитаниците или речиси двојно повеќе одошто му веруваат на актуелниот премиер и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски. За Ковачевски се изјасниле само 9,1% од испитаниците.

Интересно е дека неговиот претходник, Зоран Заев, на оваа анкета има пониска доверба и од Стево Пендаровски. На Заев се уште му веруваат 1,5% од испитаниците, додека за Пендаровски во оваа анекта се изјасниле рекордни 6,1% испитаници, што претставува можеби највисок рејтинг во претседателската кариера на овој политичар.

Институт за истражување на политики и добро владеење