Територијалната противпожарна единица Велес синоќа во 19:15 часот добила повик за запалено патничко моторно возило на улица „11 Октомври“ во Велес.
Со брза интервенција на пожарникарите било спречено со пожарот да биде зафатена и внатрешноста на возилото, информираат денеска од ТППЕ Велес.
Појаснуваат дека на интервенција на запаленото возило оттишле со екипа од четворица пожарникари со едно противпожарно возило.
Воедно апелираат до граѓаните доколку забележат пожар од било каков вид веднаш да пријават на бесплатните телефонски броеви 193 или 112.