Тоа беше прв пораз за „гаучосите“ по групната фаза на Мундијалот во Катар пред речиси една година, а беа Араухо и Дарвин Нуњез со головите во 41. односно во 87. минута. Груби прекршоци и многу конфликти беа видени на овој дуел, а најжестоката искра дојде во 20. минута кога Матијас Оливера тргна да се пресметува со Родриго Де Пауло. Се започна со навреди и туркање, а потоа во конфликтот влезе и Меси, кој притрча до Оливера, го оттурна прво со десниот лакт, а потоа со левата рака го фати за врат.
https://twitter.com/NobarbarengFc/status/1725406429388124634?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1725406602680029611%7Ctwgr%5Ebbd07aa243ac865d3e34b1904e1168baa1b3801c%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.gol.mk%2Ffudbal%2Fvakov-mesi-ne-sme-videle-se-tepashe-i-daveshe-protivnik-urugvaj-ja-shokira-argentina
https://twitter.com/collinabanter/status/1725318601714905213?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1725318601714905213%7Ctwgr%5Ee3384973a9dcb4a2c1c10139fd1dd7208d5011f3%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fsvet%2Fmesi-kako-nasilnik-udirashe-so-lakt-i-fakjashe-fudbaleri-na-urugvaj-za-vrat-video
Следуваше општа мешаница во која најмногу работа имаше судијата. До крајот на натпреварот подели дури осум жолти картони, а зачудувачки е што никој не беше исклучен. Аргентина и натаму е прва во квалификациската група со 12 бодови од пет меча, Уругвај сега е втор со 10, а Колумбија е трета со девет бодови.