Потона турски товарен брод со 12 членови на екипажот

Турски товарен брод со 12 членови на екипажот потона во близина на трускиот црноморски брег во текот во бура во неделата, соопшти во понеделникот министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Капетанот на бродот „Kafkametler“, кој пловел под труско знаме, известил во неделата утрото дека бродот плута кон лакобранот кај Ерегли, во северозападната турска покраина Зонгулдак, соопшти претходно кабинетот на гувернерот на покраината.

Министерот Јерликаја вели дека бродот потонал откако удрил во системот за заштита од брановите. Регионот во неделата бил погоден од силна бура, а од локалните власти соопштија дела лошото време ги спречило авионите и пловилата во потрега по бродот.

„Кога неповолните временски услови ќе се подобрат, активностите на потрага и спасување веднаш ќе започнат“, изјави Јерликаја за новинарите.