Британскиот актер Џос Екланд, познат по улогите во филмовите „Смртоносно оружје 2“ и „Лов на Црвениот октомври“, починал во неделата на 95-годишна возраст, пренесува BBC.
„Почина утрото од старост опкружен од семејството. Беше луциден, ерудит и палав до самиот крај“, изјавил за The Times on Sunday неговиот агент Пол Пирсон.
Екланд глумеше со Мел Гибсон и Дени Гловер во филнот на Ричард Донер од 1989 година „Смртоносно оружје 2“. Го толкуваше главниот антагонист Арјен Руд.
Го глумеше и Андреј Лисенко во „Лов на Црвениот октомври“ од 1990 години, во кој настапија Алек Болдвин, Шон Конери, Џејмс Ерл Џонс и Тим Кари, како и во други филмови во 1980 и 1990-те години.
Во неговата кариера се истакнува и улогата на Хуан Перон во екранизираниот мјузкл „Евита“ на Ендрју Лојд Вебер во кој настапи и поп-иконата Мадона.
Екланд глумеше во повеќе од 100 филмови и телевизиски серии, а во 2011 година за BBC изјави дека глумел во некои „грозни филмови“, бидејќи бил работохоличар.