Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Мето Јовановски, ќе почива во Алејата на заслужените граѓани на градските гробишта Бутел во Скопје, одлучија надлежните градски власти.
Телото на покојникот ќе биде изложено во капела во градските гробишта Бутел од 11 до 11 и 30 часот. Потоа со поворка неговото тело ќе биде пренесено во црквата „Св. Јован Крстител“, што се наоѓа во непосредна близина на градските гробишта, каде што во 12 часот опело за покој на душата на починатиот ќе одржи поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. Од тука со поворка починатиот ќе биде пренесен до неговото вечно почивалиште.
Драмскиот театар, кадешто Мето Јовановски го помина сиот работен век, ќе одржи комеморативна седница утре (вторник) во 11 часот.
Мето Јовановски почина на 16 ноември, на 77-годишна возраст. Баше еден од водечките драмски уметници во Македонија. Работеше и како професор по актерска игра на Универзитетот за аудиовизуелни метности во Скопје. Играше во над 60 филмски и телевизиски остварувања, и добитник е на бројни највиски домашни, југословенски и меѓународни награди.