Сопругата на францускиот претседател Брижит Макрон изјави дека чекала 10 години за да се омажи за Емануел Макрон и дека ја одложила нивната венчавка заради своите деца.
Бракот бил одложен една деценија бидејќи Брижит плашела дека животите на нејзините три деца ќе бидат уништени со тоа што ќе ја официјализира врската со момче на нивна возраст, објави британскиот весник „Тајмс“.
Брижит (70), поранешна учителка по глума на 45-годишниот Емануел Макрон, откри детали од нивната романса во училницата во интервју за магазинот Paris Match, како и детали од нејзиниот живот како прва дама од 2017 година.
Макрон имал 15 години кога се заљубил во Брижит Озиер, 40-годишна мажена жена, чија ќерка Лоренс била негова соученичка во католичкото училиште Провиденс во Амиен, северна Франција. Таа постепено подлегнала на неговиот шарм и аферата предизвикала скандал во провинцискиот град Пикардија. Родителите на Макрон, двајцата лекари, го испратиле во Париз да го продолжи образованието, но тоа не го спречува да одржува контакт со Брижит.
„Главата ми беше во хаос“, рече таа, додавајќи дека „ураган“ завладеал кога починал нејзиниот татко.
“Емануел мораше да оди во Париз. Си реков дека ќе се заљуби во некој на негова возраст. Тоа не се случи”, нагласува Брижит.
Се откажала од предавањето глума, но предавала француски и латински.
“Единствената пречка беа моите деца. Чекав да не им ги уништам животите. Тоа траеше 10 години… Можете да замислите што слушаа”, рекла Брижит.
Сепак, како што изјавила, не сакала да го пропушти животот.
„Не знам како моите родители, кои беа модели на верност и добро образование, би реагирале на нашиот брак“, рече таа.
Таа потекнува од богато семејство на слаткари. Брижит се разведе од сопругот банкар Андре-Луј Озиер во 2006 година и се омажи за Макрон во 2007 година, кога тој беше млад државен службеник.
Нејзиниот син сега има 48 години, три години е постар од вториот сопруг, а нејзините ќерки имаат 46 и 39 години. Озиер никогаш не дал интервју, а починал во 2019 година.
Емануел и Брижит водат мирен живот, таа му подготвува појадок, а понекогаш и вечера на претседателот, чекајќи го да се врати дома од работа помеѓу 22 и 23 часот. Таа работи во образование за возрасни за добротворна организација и научи да се справува со критиките, како што е наоѓање грешки во изборот на нејзината гардероба.
Зборувајќи за странските лидери, Брижит ги поздрави британскиот крал и кралица, на кои им гостуваше за време на државната посета во септември. Кога пристигнала кралската двојка, вели таа, била загрижена, но Камила излегла од автомобилот и ја бакнала, а кралот Чарлс, како што истакнува, бил многу културен и смешен.